Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Георгиевски и Гаџа: Не очекува тежок натпревар со Порто
Георгиевски и Гаџа: Не очекува тежок натпревар со Порто

Георгиевски и Гаџа: Не очекува тежок натпревар со Порто

Вардарци вечерва ќе одиграат натпревар од Лигата на Шампионите. Избраниците на Алушовски имаат „незгодно“ гостување кај екипата на Порто.

Вардар со две победи, оние во СЕХА, против екипите на Војводина и Нексе се загреваше за вечерашниот дуел, кој ќе биде многу потежок од споменатите. Вардар има само една победа сезонава на пет одиграни натпревари, додека Порто игра одлично на домашен терен.

Каков дуел не очекува можете да прочитате од изјавите на Георгиевски и Гаџа.

„По долгата пауза повторно се враќаме во Лигата на шампионите и нè чека тежок дуел против Порто. Португалскиот тим ни е познат противник, во Скопје ја имавме победата во рацете, но на крај го примивме тој несреќен гол. Можам да кажам дека Порто е многу квалитетна екипа. Добро го анализиравме тој натпревар во Скопје и мораме да ги анулираме тие грешки. Распоредот во февруари е пеколен, потоа играме со Флензбург и ПСЖ, но сега треба да мислиме само на Порто, бидејќи ова е многу важен меч за нас“, рече Георгиевски.

„Одработивме добро за време на подготовките иако дел од играчите не беа со нас, поради репрезентативните обврски. Со Нексе одигравме одлични 45 минути, но потоа некако нашата игра стана нервозна и комплетно паднавме. Против Порто мора да бидеме многу подобри, бидејќи таков противник сигурно ќе нè казни. Во првиот меч имаше многу неизвесност. Прво ние се спасувавме, па тие на среќен начин стигнаа до бод. Очекувам сличен дуел како во Скопје, но сега се надевам дека бодовите ќе завршат на нашето конто“, изјави Гаџа.

Дуелот стартува од 20:45 часот со директен пренос на МТВ и Арена Спорт 5.