Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со победа ги заврши подготовките во Анталија. Пред избраниците на Арслани, падна селекцијата на Молдавија над која триумфиравме со резултат 1:0.
За денешниот дуел, стартери за Македонија беа Мартин Радуловиќ-Величкови и Виктор Крстевски, додека од клупата влегоа уште и Анатолиј Петејчук и Александар Ѓурковски.
На овие подготовки одигравме уште два натпревари, на кои бевме поразени од Бугарија (0:4) и против младинците на Динамо Киев (1:3)