Вардар поразен во Лигата на Шампионите од екипата на Порто. Штета што не освоивме бодови од овој меч, многу технички грешки му пресудија на нашиот состав, за својот четврти пораз сезонава.
Одлично го отворивме натпреварот кога по седум минути игра му дозволивме на противникот да постигне само еден гол. Одлично игравме во одбраната во првите 30 минути, но нашиот напад не беше на константно ниво во текот на целото прво полувреме. Со головите на Јотиќ и Дибиров отворивме за 0:2, за екипата на Порто да погоди од својот трет напад за намалување на резултатот. Играта на црвено-црните одлично функционираше, Ристовски отвори со две одбрани, додека Чупиќ и Валчак ни донесоа водство од 1:5 во 7 минута. Сепак во наредниот период влегувавме во серија на грешки во нападот, кои Порто немилосрдно ги казнуваше, при водство од 2:5, Чупиќ не успеа да реализира удар од седум метри, додека Ристовски реагираше пребрзо сакајќи да постигне гол од своето место. Тоа домаќинот го искористи, и со два гола во контра напад успеа да го израмни резултатот на 5:5. Алушовски побара и минута одмор, а со голот на Вујин ја прекинавме лошата серија од без постигнат гол цели 8 минути. Ристовски ја нанижа и четвртата одбрана, благодарение на која повторно се одлепивме на три гола позитива, откако домашната мрежа ја погодија Јотиќ и Дибиров.
Порто не ни дозволи да се одлепиме на повисоак разлика и во 23 минута израмни на 9:9. Првото водство противникот го имаше дури во 25.минута, за во следната да поведе и со 12:10. Одигравме добро во последните пет минути од првото полувреме, иако Порто можеше лесно да замине на одмор со два гола позитива, сепак Ристовски одбрани, а Вујин го погоди празниот гол, па на полувреме се замина со нерешени 13:13. Солиден на голот на противникот беше и македонскиот репрезентативец, Никола Митревски кој имаше неколку одбрани. По првиот дел, Дибиров беше стрелец на 4 голови, додека Јотиќ постигна 3.
Лошо го отвараме вториот дел од мечот, Порто е во серија од четири погодоци, за веднаш да се одлепат на 17:13, а ние погодуваме дури после пет минути игра и тоа со удар од седум метри на Дибиров. За жал немаме континуитет во играта, правиме многу технички грешки, па не му беше тешко на Порто да се стекне со предност и од пет голови разлика. Новото засилување, Шеваљевиќ, игра соидно па токму со неговиот гол намаливме на 21:18, а Ристовски одличен на голот со 11 одбрани, но тоа не го користиме во нападот, нова грешка направи Вујин. Вардар се враќа во игра, Порто наметна игра во напад без голман, а ние тоа го искористуваме и со два гола во контра преку Дибиров стигнавме до само еден гол негатива (21:20) во 48 минута. Се одржуваме во игра благодарение на Борко, кој стигна и до својата 13-сета одбрана. На четири мунути пред крајот, Порто се одлепи на 25:22 и беше многу блиску до победата. На крајот резултат 27:24 за екипата на Порто.