Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арената Јане Сандански во ТОП-10 во ЛШ, според капацитетот на гледачи
Арената Јане Сандански во ТОП-10 во ЛШ, според капацитетот на гледачи

Арената Јане Сандански во ТОП-10 во ЛШ, според капацитетот на гледачи

Спортскиот центар Јане Сандански, во кој настапува Европскиот Шампион, се наоѓа во ТОП-10 најголемите сали во Европа, што се однесува на екипите кои играат во Лигата на Шампионите.

Арената Јане Сандански која е изградена во 2014 година, собира околу 5.700 гледачи и на листата наоѓа на осмото место. Најголема е секако „Ланксес Арената“ во која се одржува завршниот турнир во Келн, истата е со капацитет од преку 19.000 гледачи. Од попознатите арени, во ТОП 10, се наоѓаат уште и Загреб Арената, во која игра екипата на ППД Загреб, интересно таа е втора по големина на листата, како и Веспрем Арената, чиј домаќин е екипата на Веспрем.