Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Легендарниот, единствениот и неповторливиот Илеш Шпиц чие големо срце престана да бие токму во вардаровата соблекувална
Легендарниот, единствениот и неповторливиот Илеш Шпиц чие големо срце престана да бие токму во вардаровата соблекувална

Легендарниот, единствениот и неповторливиот Илеш Шпиц чие големо срце престана да бие токму во вардаровата соблекувална

ИЛЕШ ШПИЦ – Низ долгата и богата историја на Вардар многумина истакнати и прославени тренерски имиња ја имале честа и привилегијата, но пред се одговорноста да седнат на „жешкото столче“ како предводници на стручниот штаб. Меѓутоа само еден „диригент“ ги посвети и последните „ноти“ од сопствениот живот на најтрофејниот македонски фудбалски „ансамбл“. Тоа е легендарниот, единствениот и неповторливиот Илеш Шпиц чие големо срце престана да бие токму во вардаровата соблекувална.

f2f182ad47194f4f95fd8897186ebd41

Прочуениот унгарски фудбалер и стратег со еврејско потекло, роден е на 2 февруари во далечната 1902 година од минатиот век. Во 1939-тата година животната судбина го води токму во Скопје, каде останува се до крајот на Втората Светска Војна предводејќи ги екипите на Ф.К Граѓански и Ф.К Македонија (двата клуба кои се историски и формално правни претходници на денешниот Ф.К Вардар).

Во главниот град на Македонија повторно се враќа во 1960-тата година како „кормилар“ на тимот на Вардар, каде ќе го доживее последниот чин од неговата незаборавна биографија. Меѓутоа претходно, легендарниот унгарец заедно со својот сонародник Антал Лика го постигнува еден од најголемите успеси во неговата славна тренерска кариера. Вардарци под водство на унгарскиот тандем во големото финале одиграно во Белград на 26-ти Мај 1961 година со победата од 2:1 над Вартекс од Вараждин за прв и единствен пат во својата историја, го освојуваат Националниот Куп во поранешна Југославија.

Четири месеци подоцна во првиот ден од месец Октомври по победата на Вардар против тимот на ОФК Белград од преголема возбуда Илеш Шпиц им го подарува и својот последен пулс на вардаровите фудбалери и симпатизери. Неговата неизмерна љубов кон македонскиот фудбал и почитта кон Скопјани кои му го спасија животот среде виорот на војната, до денешен ден и натаму тлее како свет аманет и пример оставен за идните генерации. Додека повозрасните љубители на фудбалот, вечно ќе го паметат човекот кој го „одигра“ последното „танго“ крај водите на Вардар како татко и предводник на истоимениот клуб од нашето и неговото Скопје. – Извадок од книгите посветени на ФК Вардар.