Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и во новата натпреварувачка сезона ќе се приклучи на Супер лигата, во плеј-офот
Вардар и во новата натпреварувачка сезона ќе се приклучи на Супер лигата, во плеј-офот

Вардар и во новата натпреварувачка сезона ќе се приклучи на Супер лигата, во плеј-офот

И во новата натпреварувачка сезона, екипата на РК Вардар ќе се приклучи на Супер лига, во плеј-оф разигрувањето. Иако претходно се најавуваше, дека Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се приклучат од почетокот на Супер лигата, тоа нема да се случи, со оглед дека клубовите морале да бидат известени најмалку една година порано.

Во новата сезона, Супер лигата ќе брои 14 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи од по седум екипи. Пласман во плеј-офот ќе обезбедат екипите кои ќе се пласираат на првите три места, а на нив ќе се приклучат и Вардар и Еурофарм.

Ова значи, дека Вардар и Еурофарм и во новата натпреварувачка сезона ќе бидат претставниците од Македонија во СЕХА-лигата. На следниот состанок на ОУ на РФМ треба да биде разјаснето се околу тоа како ќе биде форматот на играње во следните 2 сезони како и тоа дали сезона ќе биде официјално завршена без прогласување на шампион.