Tuesday ,03 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Рашковиќ: Одлуката на ЕХФ има позадина, кој веруваше дека Вардар може повторно да биде Шампион
Рашковиќ: Одлуката на ЕХФ има позадина, кој веруваше дека Вардар може повторно да биде Шампион

Рашковиќ: Одлуката на ЕХФ има позадина, кој веруваше дека Вардар може повторно да биде Шампион

 Не престануваат критиките упатени на адреса на ЕХФ. Откако челните луѓе на ЕХФ се решија на завршниот турнир во Келн да играат најдобрите две екипи од најсилните групи, оваа одлука, секој ден наидува на негодувања. Практично, на останатите екипи, меѓу кои и Вардар како актуелниот Европски Шампион, им беше скратена можноста без борба да бидат елиминирани од Лигата на Шампионите. Коментаторот на Арена Спорт, Сретен Рашковиќ, исто така упати критики за непромислената одлука на ЕХФ.

-Целата сезона требаше да биде поништена. Нели ракометот е магичен и секој може да победи секого? Како тоа да ги елиминираат останатите клубови. Зарем некој веруваше дека Вардар може пак да биде шампион? Не, ама тоа се случи. Сега кој гарантира дека ПСЖ или Барса можат да го направат истото? Со оваа одлука не им давате на „послабите“ екипи да се борат за титулата. Мислам дека оваа одлука на ЕХФ има позадина и најголем губитник е Фленсбург.

На завршниот турнир во Келн кој на програмата е на 28 и 29.декември ќе играат екипите на ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем. Искуството од претходните години кажува дека до трофејот во ЛШ доаѓале екипи кои биле аутсајдери за освојување на Европската круна.