Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ловро Јотиќ во изборот на ЕХФ како играч кој може да стане нова „ѕвезда“ во ЛШ
Ловро Јотиќ во изборот на ЕХФ како играч кој може да стане нова „ѕвезда“ во ЛШ

Ловро Јотиќ во изборот на ЕХФ како играч кој може да стане нова „ѕвезда“ во ЛШ

Пред стартот на новата натпреварувачка сезона во Лигата на Шампионите, медија тимот на ЕХФ направи избор на десет играчи кои можат станат нови ѕвезди во најголемото натпреварување.

Во изборот на „ѕвезди“ во подем се најде и еден играч од редовите на Вардар. Се работи за хрватскиот интернационалец, Ловро Јотиќ, кој летово пристигна од екипата на Бенфика, за која не одигра ниту еден дуел, додека минатата сезона ја помина во Еурофарм Пелистер.

Елим Пранди (ПСЖ), Емил Нилсен (Нант), Јосип Шарац (Целје), Александар Бонц (Елверум), Луис Фраде (Барселона), Ласе Мелер (Флензбург), Дани Душебаев (Киелце), Диого Силва (Порто) и Феликс Клор (Алборг).