Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров: Загреб и ние сега имаме ново „лице“
Дибиров: Загреб и ние сега имаме ново „лице“

Дибиров: Загреб и ние сега имаме ново „лице“

Рускиот крилен играч, човекот кој има најдолг стаж во оваа екипа по Стоилов,  Тимур Дибиров ќе настапи по 7.пат на завршните турнири во СЕХА. Дибиров најпрвин зборуваше за 2014 година, кога за прв пат беше дел од турнирот на најдобрите во регионалната лга.

Со Вардар играв на Ф4 во 2014 година и тогаш не мислев дека сме аутсајдери или фаворити. Секој Ф4 е поразличен во однос на регуларниот дел. Тоа е разлика на оваа екипа, која знае кога треба да се даде 100, а кога 120 % од можностите. Сега ситуацијата е поинаква затоа што порано влегувавме посигурни и поподготвени, но има причини зошто сега е поинаку. Јавноста од нас очекува повеќе од она што го прикажавме на терен и не сакам да се оправдувам.

Противникот во полуфиналето е одлично познат, екипата на ППД Загреб, тим со кој имаме најголем стаж во регионалното натпреварување и дузина дуели.

Тимот на ППД Загреб е наш противник во 1/2-финалниот меч на овој  Ф-4 и со секој натревар мораме да прикажеме барем малку подобра игра од претходниот. Не треба да летаме во облаци и да мислиме дека можеме да направиме наеднаш. Сега ни треба поддршка бидејќи сме практично нов тим. Сите играчи си даваме голема поддршка заедно со тренерот. Ова е тежок период и мораме да го поминеме. Кога ќе почнеме да победуваме ќе се забрза за 2-3 пати. Загреб исто се соочува со ситуација како и ние. Изменија многу ракометари, а имаат и нов тренер. Во потрага е по игра и е во ситуација која е многу слична на нашата. Кога имаш квалитетни играчи тогаш во еден натпревар може сè да се случи. Според мене на терен ќе бидат две екипи кои го бараат својот лик по кој ќе бидат препознатливи. Ќе видиме утре кој успеал да стигне до тоа- вели Дибиров.