Уште еден млад играч се реши да го напушти фудбалскиот клуб Вардар и среќата да ја побара надвор од Македонија. Сељанац е нов играч на екипата Лудогорец Разград од Бугарија.
Се работи за Алек Сељанац, кој е генерација 2003 и кој сезонава требаше да настапува за кадетите на Вардар. Алек своите почетоци ги има во школата на Њу Старс, од каде премина во црвено-црниот дрес.
Во Вардар ги помина сите младински категории а со неговата генерација во сезоната 2018/19 ја освоија двојната круна во Македонија.
Алек привремено додека не наполни 18 години потпиша само стипендиски договор, а кога ќе стане полнолетен ќе се обврзе и на професинален договор со еден од најдобрите клубови во Бугарија.
Нашиот медиум кој имаше можност изминативе години да соработува со овој играч, му посакува многу среќа и успеси со новиот клуб. Инаку Алек е играч со дефанзивни задачи, може да игра на стоперската и бековска позиција.