Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Анализа на ППД Загреб, утрешниот противник на Вардар
Анализа на ППД Загреб, утрешниот противник на Вардар

Анализа на ППД Загреб, утрешниот противник на Вардар

Непосредно пред почетокот на „фајнал-фор“ турнирот на СЕХА лигата, направивме анализа на ,,новиот” тим на ППД Загреб кој во новата сезона исто како и нашиот Вардар, влегува со нов тренер и со значително изменет ростер.

За прв пат по неколку години, можеме да констатираме дека хрватскиот шампион има солиден тим, а е збогатен и со ново тренерско име кое во минатото важеше за доста добар ракометен кружен напаѓач. Неговото име е Игор Вори.

На голот го имаат Мате Ашанин, репрезентативец на оваа земја кој доколку влезе во серија е доста незгоден за противничките играчи. Тука е и Радивоје Ристановиќ. Искусниот чувар на мрежата и оваа сезона ќе биде дел од тимот од Загреб. Тодор Јандриќ е трет голман на овој тим. Се работи за доста млад но и перспективен голман кој треба да го докажува својот квалитет. Лево крило е Давид Мандиќ кој имаше поголема улога на последното ЕП, поради неиграњето на Штрлек, а на десно крило го донесоа исто така репрезентативецот на оваа земја Владо Матановиќ. Марин Шипиќ e стартниот кружен напаѓач на овој тим. Се работи за доста познато име кое во минатото се поврзуваше и со доаѓање во редовите на Вардар. Втор кружен напаѓач е искусниот интернационалец Сењамин БуриќМилош Божовиќ е новиот лев бек кој во минатото имаше супер сезони во екипата на Татабања. На лев бек е и уште еден репрезентативец, а неговото име е Матеј Хрстиќ. Уште еден нов ракометар, шутер, Вори донесе во своите редови. Се работи за искусниот десен бек Жига Млакар кој оваа сезона ќе биде стартен десен бек на тимот. Тука е и Марио Вуглач, играч кој даде седум гола против Пик Сегед на пријателски натпревар пред извесно време. Екс ракометарите на Металург, Лука Мраковчиќ и Немања Обрадовиќ се организаторите на играта кој утре ќе треба да ги поврзуваат редовите на ППД Загреб.

Останува да видиме каков тек ќе има утрешниот натпревар и која екипа ќе патува во големот финале. Натпреварот помеѓу ППД Загреб и Вардар започнува од 20:45 часот.