Вардарци се наоѓаат во Задар, каде утре ќе го одиграат полуфиналниот натпревар од СЕХА-лигата против екипата на Загреб. Попладнево се одржа прес-конференција на која очекувањата за утрешниот меч ги споделија учесниците на Ф4 турнирот.
Стевче Алушовски ќе има можност да дебитира на завршните турнир во СЕХА-лигата, откако годинава го превзеде Вардар и ќе се обиде да стигне до својот прв трофеј како тренер, додека за Вардар тоа би бил вкупно шестти. Алушовски се надева на добра игра на својот тим и пласман во финалето.
„Ова е специјален Ф4-турнир затоа што се игра на почеток на сезоната. Ние направивме еден нов тим. Сега по дуелот со Нексе се надевам дека ќе бидеме оние вистинските, дека ќе одиграме најдобро што можеме, а ако тоа е доволно, да бидеме шампиони на овој Ф4. Имаме девет нови играчи, тука се и борците како Дибиров и Стоилов, да не ги набројувам сите. Се обидуваме да составиме една компактна група која ќе го претстави Вардар најдобро оваа сезона“
Натпреварот против ППД Загреб е закажан за петок, во вечерен термин од 20:45 часот. Директен пренос од мечот можете да проследите на МТВ.