Фудбалерите на Вардар во недела ќе одиграат контролен дуел, дознава ,,Вардар Фанс”.
Противник на ,,црвено – црните” ќе им биде тимот на Кит-Го, а дуелот ќе биде одигран во Штип од 19.00 часот. Ова ќе биде супер можност за дополнително воигрување на тимот, а и први минути во дресот на шампионот за Чарлестон и Марко Мартинага.
Васоски се очекува шанса да им даде на сите играчи, посебно на оние кои добиваа помалку минутажа низ неколкуте првенствени дуели.