Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор го пречекува второпласираниот Охрид во последниот меч во Супер лигата
Вардар јуниор го пречекува второпласираниот Охрид во последниот меч  во Супер лигата

Вардар јуниор го пречекува второпласираниот Охрид во последниот меч во Супер лигата

Младиот црвено-црн ракометен колектив , Вардар јуниор предводен од Пепи Манасков ја игра првата сезона во својата историја во најсилната македонкса ракометна конкуренција. За младите вардарци во истата преостана само уште еден, последен за нив оваа сезона дуел. Во истиот тие ќе бидат домаќини на екипата на РК Охрид 2013.

Мечот со охриѓани е закажан за на 2-ри април, сабота и истата ќе се игра  во спортско рекреативниот центар “Кале“. Екипата од најубавиот македонски град Охрид е второпласирана на табелата во Супер лигата, со 39 бода колку што има и третопласираниот тим на Работнички, а нашите млади надежи се шестопласирана екипа во лигата. Возбудувањата продолжуваат и понатака во македонскиот ракомет каде следува плеј-офот во кој за жал нема да има место за нашиот помлад состав Вардар јуниор. Во пролетниот дел бевме поразени од Работнички и РК Пролет 62, а единствената победа ја остваривме над тимот на Металург-2.