Избраничките на Индира Кастратович и Камара се само на чекор до повторен пласман на Ф-4 во женскиот сегмент од Лигата на шампионите. Пречка за оваа цел е Ларвик, со кој ќе го одиграмаме првиот меч дома во сабота на 2 април. Тој натпревар е закажан со почеток во 17:30 часот.
По повод овој меч на 31-ви март во четврток со почеток во 12:00 часот во конференциската сала во Спортскиот Центар “Јане Сандански” нашиот црвено-црн женски ракометен колектив ќе одржи прес конференција. Исто така предвидено е во сабота да има “Фан-зона“ пред “Јане Сандански“ (види), со цел поддршка за нашите девојки.