Црвено-црните девојки се на чекор до повторен за нив трет пласман по ред на Ф-4 во женскиот сегмент од Лигата на шампионите. Тие се среќаваат со Ларвик дома во сабота на 2 април, овој дуел е закажан со почеток во 17:30 часот. За овој дуел од како се покажа како одлично решение кај момците ќе има повторно фан зона пред “Јане Сандански“ во клубското соопштение за фан зоната се вели:
Да го продолжиме славјето од нашите машки колеги и заедно да се израдуваме на голема победа и на ракометарките на Вардар, која широко ќе ги отвори вратите кон Ф4 турнирот во Будимпешта. Фан-зоната ќе биде лоцирана на платото пред СЦ „Јане Сандански” и ќе биде отворена од 15:00 часот па се до почетокот на натпреварот.
Таму заедно ќе ги пречекаме нашите ракометарки и ќе им дадеме поддршка пред влегувањето во салата и уште пред натпреварот ќе им покажеме на гостите дека нашата тврдина е неосвоива и никој неможе да ни застане на зацртаниот пат.
Покрај убавата атмосфера ќе има и добра музика за забава на присутните, селфи-зона за фотографирање, продажба на навивачки реквизити и на храна и пијалоци по пристапни цени. Но, тоа нема да биде се… Треба да бидете таму да ја почувствувате атмосферата, и да ги видите сите изненадувања. Дојдете заедно да се радуваме на нов успех на Вардар. Ве очекуваме в сабота пред СЦ „Јане Сандански”.