Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор во сабота на “поправен“, гостува кај Пролет 62 (+Фото табела)

РК Вардар јуниор во сабота на “поправен“, гостува кај Пролет 62 (+Фото табела)

Јуниорите на РК Вардар по помалку неочекуваниот пораз дома од тимот на РК Прилеп 2010 во саботата, веќе во сабота ќе имаат шанса за “поправен“ во домашната Супер Лига. Избраниците на Пепи Манасков во рамки на шестото суперлигашко коло гостуват кај тимот на РК Тинекс Пролет `62.

Мечот ќе се одигра на 17 октомври во сабота со почеток во 20-00 часот во скопската населба Пролет во школската сала на училиштето “11 октомври “. Вардарци по поразот од Прилеп паднаа  на шестото место на табелата и сега се надвор од топ-4 местата кој водат во плејофот на крајот од сезоната, а Прилеп со победата во малата сала на С.Ц Јане Сандански 24-32 се вивна на лидерското место во Супер лигата. Следното коло нашите млади црвено – црни ракометари  на домашен терен го пречекуваат “фенерџијата“ во лигата тимот на РК Металург -2.

ТАБЕЛА СУПЕР ЛИГА МАЖИ :

vardarfans