Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Набавете карти за мечот со Ѓер , продажбата е во тек
Набавете карти за мечот со Ѓер , продажбата е во тек

Набавете карти за мечот со Ѓер , продажбата е во тек

Жрк Вардар преку својот веб-сајт извести дека картите за со Ѓер се во продажба. Во нивното соопштение велат:
Ги известуваме сите ракометни фанови, кои сакаат да го бодрат Вардар во нашиот прв натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите дека пуштени се во продажба билетите за мечот со Ѓер.

Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, од 10 до 18 часот и онлајн ticketplus.mk.

Цените на билетите се:
Трибини – 180 денари
ВИП Зони – 400 денари
ВИП Соби – 1000 денари

Натпреварот меѓу Вардар и Ѓер, од групната фаза во Лигата на Шампиони ќе се игра на 17 октомври, во 20:15 часот.