Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Пуштени во продажба билетите, за натпреварот против Киелце
Пуштени во продажба билетите, за натпреварот против Киелце

Пуштени во продажба билетите, за натпреварот против Киелце

Од денес се пуштени во продажба картите за натпреварот во лигата на шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Киелце. Секој нареден ден, во периодот од 10-18 часот на билетарницата кај С.Ц. Јане Сандански можете да си набавите билет за следење на овој дуел. Овој натпревар е во рамките на шестото коло, кој ќе се одигра на 24-ти октомври, со почеток од 17:30 часот.

Цените на билетитeс се:

Стоење – 150 денари

Трибини 1, 2, 9 – 300 денари

Трибини А1/Б1 – 250 денари

Централни трибини – 400 денари