Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Оваа сезона многу се очекува од најголемото засилувањe летово, Дамњановиќ
Оваа сезона многу се очекува од најголемото засилувањe летово, Дамњановиќ

Оваа сезона многу се очекува од најголемото засилувањe летово, Дамњановиќ

Оваа сезона се чини најмногу Инди и Питлик ќе се ”молат” во новиот наш играч, кој несомнено е и, најголемото засилување ова лето за нас. Се работи за српската интернационалка Сања Дамњановиќ. Дамњановиќ сите ја знаеме како добра ракометарка, посебно од српската репрезентација, во ”дует” со нај звучното наше име Андреа Лекиќ. Таа во Скопје  дојде ова лето, од дански Виборг. Во овој дански тим, Дамњановиќ настапуваше три сезони, пред тоа играше за Подравка од Хрватска и РК Зајечар. Најдобрата сезона за Дамњановиќ беше онаа во Хрватска, во сезоната 2012-13, кога во Ехф куповите, таа постигна 50 погодоци за овој тим, и беше најдобар играч, за веднаш  потоа да замине за Данска.

Очекуваме оваа сезона Дамњановиќ да донесе свежина во играта на нашите девојки, поголем ростер, повеќе голови, подобра игра, по цврста игра во одбраната и тн. Очекуваме оваа српска интернационалка да ја оправда довербата, и да покаже што знае во црвено  - црниот дрес. Првиот официјален натпревар во новиот дрес, ќе го има пред своите гледачи, во сабота со почеток во 20 часот и 15 минути.

Фото: zrkvardar.mk