Попладнево во големата сала при Спортскиот Центар “Јане Сандански започнаа Супер лигата за РК Вардар Јуниор. Во мечот од првото коло момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков беа домаќини на екипата на РК Радовиш, во дуел со голема борба најмладиот тим во лигата нашиот црвено-црн колектив дојде до машка победа. Момците триумфираа со резултат 41:38 (21:21).
Првиот дел почна со предност на радовишани кои поведоа со 0-2, ние намаливме преку Куковски Дејан на 2-1, но во следната акција гостинот повторно отиде на два позитива. Вардарци смогнаа сила и изедначија на 3-3, од тогаш па се до 15-15 двата тима поведуваа со еден гол, а ривалот изедначуваше. Конечно ние се одлепивме првпат на два плус, 17-15 на 7-8.минути до крајот. Сепак радовишани се вратија изедначија, како што беше и текот на првиот дел така и се оконча истиот со реми. На семафорот во големата сала при Спортскиот Центар “Јане Сандански стоеше 21-21.
Вториот дел имаше исти тек како и поголем дел од првиот постојано двата тима беа околу резултатската симетрија. Нашите млади играчи одлично одиграа на овој дуел против значајно повозрасниот и поискусен суперлигашки тим. Па во последните десетина минути имавме активен резултат 34-34. Нашите млади играчи успеаа во последните минути на еден погодок на Радовиш да одговорат со два во нивната мрежа, на на 2.минути до крајот првпат отидовме на плус четири. Ние поведовме со 41:37, немаше време за гостите умешно ја сочувавме предноста и отворивме со победа во новата сезона во Супер лигата.
Кај нас прв стрелец беше Кукуловски Дејан со 11 гола, а пак Крстевски Стефан го надополни со 9 погодоци, тие заедно постигнаа речиси половина од нашите голови на овој дуел.