Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Новиот Вардар покажа колку вреди, среде Франција до голема победа!
Новиот Вардар покажа колку вреди, среде Франција до голема победа!

Новиот Вардар покажа колку вреди, среде Франција до голема победа!

Вардар не признава шампиони! Во среде Франција, новиот Вардар покажа и докажа дека и оваа сезона ќе биде конкурентен за титулата. Во еден одличен натпревар, Вардар предводен од фантастичниот голман Милосављев и од одличните во нападот Борозан и Скубе, дојде до издвојувана голема победа со резултат 24:27 (10:11).

Ракометарите на Вардар одиграа одлично прво полувреме и заслужено на пауза заминаа со еден гол предност. Првите пет минути од дуелот му припаднаа на домаќинот кој водеше со резултат 4-3. Вардар до прво водство на дуелот по она од 0-1 на почетокот дојде во 9. минута, реализатор беше Чупиќ од седум метри. Веќе во 11. минута за одбележување беше водството од плус два за црвено – црните, 4-6 со голот на Вуко Борозан. Неизвесноста и водството од еден до два гола за нашиот тим продолжија и понатаму, па така во 21. минута нашиот тим имаше предност од плус еден 8-9 со голот на Криштопанс од девет метри. Борозан продолжи во добар ритам и понатаму, со неговиот веќе трет гол во 27. минута Вардарци изедначија на 10-10. До крајот на првиот дел, со голот на Чупиќ од пенал, Вардар дојде до 11-12. Со овој резултат се замина на пауза. Во првиот дел фантастичен со девет одбрани на голот на Вардар беше Милосављев.

rkv

Вториот дел започна одлично за Вардар. Со два гола во серија на Дибиров и Борозан, црвено – црните дојдоа до највисоки на овој натпревар плус три, 11-14. Во 38. минута со новиот гол на Борозан. веќе шестти, Вардар дојде до нови одлични плус три, 14-17. Фантастичниот Милосављев продолжи и во вториот дел, со негови две нови одбрани, Вардар искористи и преку Скубе дојде до нови плус три, 15-18 во 40. минута. Вардар во продолжението од мечот влезе во криза, па така домаќинот израмни на 18-18 во 44. минута од дуелот. Во последните 15. минути се влезе егал, изедначено, 19-19. Егалот продолжи и понатаму, во последните десет минути од дуелот се влезе со предност од еден гол за нашиот тим. Штата, во 52. минута Криштонас имаше голем зицер да го доведе Вардар до плус два, но се одлучи за лоб и неговиот удар заврши над голот на Жерар. Во последните пет минути од дуелот Вардар одигра рутински, па така дојде до голема победа и први бодови во новата сезона.

Борозан беше најдобар стрелец со осум гола, а Милосављев одличен со дури 16 успешни одбрани.