Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победа на пом.пионери и реми на пионерите на гостувањето кај Ренова
Победа на пом.пионери и реми на пионерите на гостувањето кај Ренова

Победа на пом.пионери и реми на пионерите на гостувањето кај Ренова

ФК Вардар денес достуваше во Тетово кај екипата на Ренова во дуелите од пионерските лиги. Помладите пионери на Вардар предводени од Филип Деспотовски денеска гостуваа во Тетово кај тимот на Ренова. Овој дуел го добија црвено – црните лесно и убедливо со резултат 0:3 (0:2).
Состав на Вардар: Стојковски, Ѓорѓиевски, Давков, Стојчевски, Ѓорѓоски, Сељанац, Алими, Давидовски, Прелоговски, Ќосевски и Андрески.
.
Во првиот дел Вардар имаше многу шанси, а можеше да даде и повеќе од два гола. Стрелци во првиот дел за нашиот тим беа Алими Харун во петтата минута и Прелоговски Александро во 25. минута. Во вториот дел Вардар постигна уште еден погодок и тоа повторно преку Алими Харун во 55. минута за конечни 0:3.
414-660x330
Пионерите на црвено-црните на дуелот со гипсарите одиграа реми без постигнати голови. Дуелот заврши со почетните 0-0. Момците на Игор Кралевски се враќаат со бод од ова гостување во Тетово.
За нас на овој натпревар настапија: Величковски, Петејчук, Асани, Демири, Радуловиќ, Крстевски, Хасани, Омерагиќ, Гугуљанов,Речица, Салиу.
.