Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар со 17 гола предност ја совладаа екипата на РК Ѓорче Петров
Пионерките на Вардар со 17 гола предност ја совладаа екипата на РК Ѓорче Петров

Пионерките на Вардар со 17 гола предност ја совладаа екипата на РК Ѓорче Петров

Денес во големата сала при Спортскиот Центар “Јане Сандански“ пионерската екипа на Вардар беше домаќин на тимот на РК Ѓорче Петров. Девојките на Платон и Папуџиева успеаа да дојдат до нова висока победа во меч во кој целосно доминираа. Ние триумфиравме со резултат 20:3 (7:1).

u2

На почетокот нашите девојки отворија на фуриозен начин со четири гола едно по друго на стартот. Противникот успеаа конечно во 7.минута да го постигне првиот и последен гол во првиот период намалувајќи на 4-1. Следеше неефикасен период од 5-6.минути без ниеден погодок, нашата клупа повика минута одмор заради враќање на концетрацијата. Веднаш потоа Мила Пешиќ ја прекина серијата од неколку минути без погодок погодувајќи за 5-1. До крајот игравме рутинирано и додатно ја зголемивме предноста. На одмор заминавме со резултат 7-1 на семафорот во големата сала при Спортскиот Центар “Јане Сандански“.

u1

Вториот дел почна со по еден гол во девете мрежи за почетни 8-2 по само 2.минути ракомет на овој пионески дуел. Ние повторно заигравме одлично во одбраната во нападот казнувавме и успеаавме да поведеме првпат со двоцифрена разлика во 8.минута од вториот дел. За 12-2 погоди Крагељ Мила по една одлична акција на црвено-црните дами. Мора да напоменеме покрај одличната игра во одбраната и нападот, Вардар на овој дуел имаше мотивирани голмани кои бранеа се па и неколку седмерци.  Во последните 2.минути влеговме со предност од 18-2, дури по 17.минути ракомет противникот успеаа да постигне нов гол намалувајќи на 18-3.  Ние до крајот успеаавме да поведеме со 19-3 најпрвин, а потоа на 3.секунди до крајот погоди Максимовска Натали за конечни 20-3.

u3

Кај нас прв стрелец беше Мила Пешиќ со шест гола, апак Коцева Борјана постигна четири погодока.

ЖРК ВАРДАР СТАТИСТИКА!!!

ЖРК ВАРДАР СТАТИСТИКА!!!