Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите гостуваат кај РК Голден Арт
Кадетите гостуваат кај РК Голден Арт

Кадетите гостуваат кај РК Голден Арт

Момците на Зоран Петковски-Зенга, кадетите на РК Вардар 1961 во првото коло во 2023 отврија со победа над РК Кузман, оваа недела на програмата е втората рунда од пролетниот дел.

Црвено-црните кадети ќе гостуваат кај тимот на РК Голден Арт во рамки на 9.коло од групата-А во кадетската конкуренција. Дуелот е закажан за задутре, недела (5.март) со почеток во 14 часот и 30 минути. Оваа кадетска средба ќе се игра во салата „Автокоманда“ во истоимената скоспа населба.