Пред два дена селекторот на македонската кадетска репрезентација, Данило Брестовац објави дека во наредната фаза од подготовките за Светското првенство ќе работи со 20 играчи. Тој го скрати списокот за три имиња, Мартин Ивановски и Кристијан Димитриески од Охрид, како и Дарио Кофилоски од Металург 2
Кадетската селекција ја заврши првата фаза на подготовки во Струга и ракометарите добија тридневен одмор. Утре, 20 јули момците се селат во Маврово, каде ќе останат десет дена. На овој список остануваат четири момци од Вардар кои беа и дел од прелиминарниот список, Марко Кизиќ, Ален Ќосевски, Игор Ѓорѓиев и Мартин Карапалевски.
Во Скопје кадетите ќе се вратат на 1 август, првиот меч на Светското првенство ќе го играат на 6 август.