Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар убедливи со Аеродром, Илиевски со 13.гола
Кадетите на РК Вардар убедливи со Аеродром, Илиевски со 13.гола

Кадетите на РК Вардар убедливи со Аеродром, Илиевски со 13.гола

Денес, кадетите на РК Вардар на дуел од групата-А на домашен терен ја пречекаа екипата на Аеродром. Момците на Зоран Петковски-Зенга го добија овој дуел кој се одигра во салата „Круме Кепески“ со резултат 48-30 (20-13).

Гостинот подобро отвори со два гола за 0-2, ние успеавме да изедначиме на 3-3. Беше реми се до 5-5, до кора и ривалот успеваше да парира. Ние влеговме во серија и поведовме со 5.гола, правеќи пресврт од почетната негатива, при резултат 15-10. До крајот на првиот дел ја зголемивме предноста и на одмор заминавме со седум гол повеќе, односно со резултат 20-13.

2 3

За разлика од првиот дел во вториот влеговме фуриозно, набезина поведовме со двоцифрена предност при резултат 26-16. Потоа само еден тим играше на теренот, предноста до крајот на дуелот ја искачивме на 18.гола, победата дојде со резултат  48-30.

Кај нас Петар Илиевски даде 13.гола, Стаменов Томислав стелаше 9.пати, двајца момци имаа по 6.погодока, станува збор за Никола Нечовски и Јован Божиновски.  Четири момци имаа 3ки зад своите имиња: Наковски, Најдовски, Брзачки и Тевдовски.