Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Зенга редат успеси, “падна„ Голден Арт
Момците на Зенга редат успеси, “падна„  Голден Арт

Момците на Зенга редат успеси, “падна„ Голден Арт

Кадетите на РК Вардар 1961 дојдоа до 2/2 во пролетниот дел, во дуел од групата-А во рамки на 9.коло гостуваа кај тимот на РК Голден Арт. Нашите момци остварија победа со резултат 32-41 (14-21) со што дојдоа до две врзани победи во 2023, во првата рунда бевме подобри дома од РК Кузам.

Домаќинот на почетокот беше рамноправен се до резултат 4-4, кога успеваше да држи неизвесност на дуелот. Започна нашата доминација по тој момент, со серија 1-8 се одлепивме на високи седум позитива (5-12). Потоа со одлична игра, истата предност ја задржавме се до одморот каде заминавме со резултат 14-21 за црвено-црниот тим.

Во вториот дел момците на Зоран Петковски-Зенга одиграа ефикасно како и во првиот период, постигнаа уште 20.голови во мрежата на домаќинот на оваа средба во салата „Круме Кепески“, целиот ростер речиси доби прилика. Победата дојде со девет гола повеќе, односно со резултат 32-41 на овој кадетски дуел.

Прв стрелец на оваа средба беше Петар Илиевски  со 10.гола, одличен беше и  Томислав Стаменков кој постигна  9.погодоци, а   Лука Најдовски  беше стрелец во 6  наврати.