Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар веќе се “есенски шампиони“, дуелот утре со Ѓорче шанса за додатна предост на табелата
Кадетите на РК Вардар веќе се “есенски шампиони“, дуелот утре со Ѓорче шанса за додатна предост на табелата

Кадетите на РК Вардар веќе се “есенски шампиони“, дуелот утре со Ѓорче шанса за додатна предост на табелата

На коло пред крај кадетите на ракометниот клуб Вардар, момците предводени од Будимир и Станковски се “есенски“ прваци во нивната група-1. Тие по седум одиграни кола имаат максимални 21.бод, зад нас е Аеродром со 18, и Металург со 16.бода, но тие веќе ги имаат одиграно сите есенски кола за разлика од нас.

Утре во последното коло оваа есен гостуваме кај тимот на РК Македонија Ѓорче Петров, натпреварот ќе се одигра со почеток во 16-30 часот. Ние според несомнениот клалитет на екипата сме фаворити и се очекува победа на црвено-црните. Со истата покрај заджувањето на 100% ефект во групата, ќе заминеме на пауза со голема предност. Односно 6.бода во однос на РК Аеродром и  дури 8.бода во однос на сино-белите од Автокоманда. Според пропозициите првопласираната екипа со сигурност обезбедува место на завршниот Ф-4 турнир за титулата.

Тренерот Будимир одамна на своите момци и има посочено дека не сака “кикс“ во мечевите од нашата група и дека очекува задолжителен пласман од нив на турнирот на најдобрите, тоа е целта која  ја бара од нив. Таа вредно работи со овој тим неколку години наназад, успеа да оствари “хемија“. Со нив  лани стана првак во пионерската лига и со кој замина на Ф-4 во кадетска конкуренција.