Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар го добија одложеното 7.првенствено коло, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Брегалница. Во еден интересен дуел со многу голови, на крајот славеа црвено-црните со резултат од 3:2.
Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Станковски, Радуловиќ-Величковиќ, Асани, Гугуљанов, Костовски, Крстевски, Речица, Петејчук, Омерагиќ, Фазлиу, Туша.
Вардарци први го отворија резултатот кога во 21 минута поведоа со голот на Туша Ветон за предност од 1:0. Сепак десет минути подоцна екипата на Брегалница успеа да го израмни резултатот на 1:1. Избраниците на Кралевски го вратија водството до крајот на првиот дел, кога во 34 минута погоди Азер Омерагиќ за предност од 2:1. Овој резултат беше актуелен на полувреме.
Во второто полувреме, по втор пат на мечот, Брегалница стигнува до израмнување, овој пат на 2:2. Вардар беше подобар на денешниот терен, момците имаа голема желба да се вратат на победите и тоа на крајот им успеа. Со вториот гол денес на Туша Ветон повторно поведовме со резултат 3:2, што на крајот беше и конечен.
Ова беше вкупно шестта победа за пионерите на Вардар, кои имаат уште и три нерешени резултати и се сеуште без пораз. Со овој триумф остануваат на врвот на табелата во пионерската супер лига.
Во игра влегоа уште и Величковски, Салиу, Хасани и Ѓорѓиевски.