Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар организира фан зона за натпреварот со Барселона
РК Вардар организира фан зона за натпреварот со Барселона

РК Вардар организира фан зона за натпреварот со Барселона

Поради исполнетиот капацитет на арената Јане Сандански за неделниот натпревар против Барселона, од клубот се решија да отворат фан зона која ќе биде поставена пред С.Ц. Јане Сандански. Сите вардарови навивачи кои нема да бидат во можност во живо да го проследат дуелот, ќе имат можност заеднички да се дружат и забавуваат во фан зоната која ќе стартува од 15:00 часот.

Ова е дуел на првите две пласирани екипи во најсилната група А, па победникот од овој натпревар ќе заседне на врвот на табелата. Само шест дена подоцна овие екипи повторно ќе ги одмерат силите, но овој пат во “Палау Блауграна“, тој меч според ЕХФ е прогласен за дуел на колото во ЛШ.