Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Соопштение на РК Вардар за дуелот од ЛШ со Барселона
Соопштение на РК Вардар за дуелот од ЛШ со Барселона

Соопштение на РК Вардар за дуелот од ЛШ со Барселона

По повод неделниот натпревар против екипата на Барселона, ракометниот клуб Вардар на својата официјална веб страна излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост.

Се известуваат сите гледачи кои имаат купено билети за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона дека влезот ќе им биде дозволен само на оние што ќе имаат билет, и нема да биде дозволено внесување на деца без билети.

Со еден билет ќе може да влезе во салата во СЦ „Јане Сандански” само еден посетител.

Бидејќи капацитетот на салата е исполнет за неделниот натпревар, и поради зголемените мерки на безбедност се молат сите посетители да се придржуваат кон препораките.

Натпреварот со Барселона е закажан за в недела од 17 часот.
Почнувајќи од 15 часот ќе има и фан зона пред салата во која сите посетители ќе можат заедно да се дружат, а ќе има и специјално мени за храна и пијалоци.