Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Како лани “ѕвездените“ така оваа година и младите вардарки, црвено-црниот тим го “бомбардираше“ Овче поле со “40-ка“
Како лани “ѕвездените“ така оваа година и младите вардарки, црвено-црниот тим го “бомбардираше“ Овче поле со “40-ка“

Како лани “ѕвездените“ така оваа година и младите вардарки, црвено-црниот тим го “бомбардираше“ Овче поле со “40-ка“

По урнекот на минатата сезона кога европските ѕвезди беа дел од ЖРК Вардар, денес и младите наследнички почнаа да “испорачуваат“ 40-ки во Супер лигата. На нас ни гостуваше тимот на Овче Поле, девојките на Симовски, Ристова и Царчев дојдоа до победа со резултат 40-15.

Првиот дел започна со серија 3-0 за нас со која на самиот почеток од дуелот се одлепивме од противникот, кој освен почетните 0-0 немаше ни еден поволен резултат во текот на сите 60.минути. Следеше краток период во кој Овче Поле парираше па одговори на нашите два гола со иста мера за 5-2. Следеа неколку одбрани на Грујовска и одземени топки од одбраната, што го искористивме за брза трансформација и нова серија 6-1 со која поведовме со плус осум,  11-3. Од минута во минута ја зголемувавме предноста па на пауза заминавме со 14 гола позитива. На одмор се замина со резултат 21-7, кој беше плод на добрата игра на одбраната, одличната партија на Симона Грујовска која одбрани 55% од ударите кон нејзиниот гол, и ефикасниот напад.

1d

Вториот дел започна повторно со добра игра во одбраната, на голот Трајкоска доби прилика, таа имаше добар скор од 43% одбранети удари. На почетокот со пеколна серија, одлична одбрана и брзи контра напади направивме 7-1, со што отидовме дури на дваесет гола позитива, 28-8. Од тука се до крајот се беше рутина, од минута во минута само ја зголемувавме предноста која на крајот беше изразена со 25 гола повеќе од “фенерџијата“ во лигата. Победата на овој дуел дојде со резултат 40-15.

Најдобри скорови имаа следните девојки: Симона Грујовска 8 (одбр), Седлоска Андреа  6(гола), Трајкоска Јована  6(одбра.), додека по пет гола имаа и Трпевска Ивона и Стефанија Ѓорѓиевска.