Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетите и кадетките на ракометниот клуб Вардар, учесници на силен турнир во Белград
Кадетите и кадетките на ракометниот клуб Вардар, учесници на силен турнир во Белград

Кадетите и кадетките на ракометниот клуб Вардар, учесници на силен турнир во Белград

Кадетите на Рк Вардар и кадетките на Жрк Вардар ќе земат учество на силен меѓународен турнир “Трофеј Белград“ кој ќе се одигра во периодот од 28-30-ти декември во главниот град на Србија. Веќе се познати противниците на нашите екипи во групната фаза и распоредот на одигрување на натпреварите.

Кадетите предводени од тренерот Слободан Чивлачки се наоѓаат во групата Б заедно со екипите на Раднички (Крагуевац), Партизан(Белград) и екипата на Белград. Во оваа конкуренција значи ќе се натпреваруваат 16 екипи поделени во четири групи. Во недела наутро заминуваме за Белград, а веќе во понеделник ги започнуваме настапите на турнирот.

Распоредот на одигрување мечеви за кадетите на Рк Вардар:

1 коло: Вардар- Белград   ( понеделник  09:40)

2 коло: Вардар- Раднички  ( понеделник  17:10)

3 коло: Партизан- Вардар  ( вторник  12:10)

Натпреварите ќе се играат во две полувремиња, од вкупно 20 минути игра. Паузата помеѓу двата дела ќе трае 3 минути.

Кадетите на Вардар ќе настапат во следниот состав: Ален Брунчевиќ, Марко Кизиќ, Климент Каранфиловски, Леон Николовски, Тони Атанасовски, Мартин Карапалевски, Благоја Антевски, Александар Нанов, Христи Бикоски, Ален Ќосевски, Лука Благопетров, Кристијан Ангелковски, Мартин Мајсторовски, Стефан Динев, Филипче Гроздановски и Горјан Блажевски.

Тренер: Слободан Чивлачки   Пом. тренер: Кристијан Грчевски.

Нашите кадетки предводени од Анжела Платон исто така ќе бидат дел од овој голем меѓународен турнир. Тисе наоѓаат во групата Б заедно со екипите на Дубрава (Загреб), Раднички 1949 (Белград), Вождовац 1955 (Белград) и екипата на Белград. Во другата група А исто така ќе се натпреваруваат пет екипи.

Во првото коло црвено-црните ќе бидат слободни, додека во другите мечеви распоредот е следниот:

1 коло: слободни

2 коло: Вардар- Дубрава  ( понеделник 13:50)

3 коло: Раднички 1949- Вардар ( понеделник  16:20)

4 коло: Вардар- Вождовац 1955  ( вторник  09:40)

5 коло: Белград- Вардар  ( вторниик  13:50).

За Белград ќе отпатуваат 18 девојки, кои се селектирани од двете кадетски екипи кои се натпреваруваат во домашното првенство. Голманката Јована Мицевска би требало да биде најголемиот “адут“ за кадетките на овој турнир. Инаку Мицевска брани за младинскиот состав, но има право според годината на раѓање да настапува за кадетскиот состав на овој турнир.

Жрк Вардар-кадетки: Јована Мицевска, Елена Бабунска, Деспина Буцевска, Мила Митревска, Кристина Таневска, Викторија Ацевска, Анастасија Нелоска, Ивона Трпевска, Ружица Атанасова, Катерина Ничовска, Марија Танчева, Валерија Јакимовска, Ива Цветковска, Елена Ивановска, Анета Ѓорчевска, Бојана Диневска, Ивана Блажевска и Марија Дамовска.

Тренер: Анжела Платон      Пом. тренер: Александра Кузмановска.