Кадетите на РК Вардар кои се натпреваруваат во младинската лига, вечерва се поразени на гостувањето кај екипата на РК Охрид 2013, со резултат 34:23.
Може само да им се честита на нашите млади надежи, кои покажаа голема борбеност против многу повозрасниот тим на Охрид. Мора да се напомене дека денес домашниот тим настапи со играчи кои играат за Охрид и во најсилната Супер-лига, таков на пример беше случајот со нивниот најефикасен играч на денешниот дуел, се работи за Мартин Ивановски кој игра и во Супер-лигата, додека на голот беше Јагош Брауновиќ кој исто така е дел од првиот тим, инаку се работи за поранешен голман на Вардар Јуниор, како и сениорски и младински репрезентативец на Црна Гора. Играчите кои беа втори по ефикасност во редовите на Охрид, тоа се Николче Ристески и Наум Костов, кои се членови на првиот тим и се генерациски родени 1998 година. Многу нејасно како домашниот тим денес се плашеше да не победи, против екипата на Вардар која ја сочинуваат играчи родени 2002/03 година.
И под вакви околности, избраниците на Будимир не дозволија да бидат надиграни, иако очекувано тимот на Охрид 2013 имаше предност во текот на целиот натпревар. Започнаа со водство од 3:0, додека Вардар првиот гол го постигна после 5.минути игра. Успеавме да намалиме на 6:3, но противникот врати со серија од 3:0 и зголеми на 9:3. Најголемата позитива до која стигна домаќинот во првиот дел беше осум голови разлика (14:6). Истава предност ја имаа и по првото полувреме, кога реултатот на семафорот беше 16:8.
На стартот на вториот дел, намалија избраниците на Будимир кога намалија на 16:10, со серија од два гола. Сепак Охрид не сакаше ништо да пропушти на случајноста, па врати со четири последователни голови и за прв пат имаше двоцифрена предност од 20:10. Имаа и во неколку наврати и највисоки 13 гола позитива, за вардарци да симнат до десет гола негатива. На крајот победа за Охрид 2013, изразена со резултат 34:23
Кај Вардар се истакна Бојан Чакалиќ кој постигна 12 голови. Давид Савревски и Давид Мирчевски постигнаа по 3 гола. Ова се некои нови правила на РФМ, од кои денес „настрада“ и пионерската екипа на РК Вардар која беше поразена од далеку повозрасниот тим на Металург.