Sunday ,08 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Утре во Битола, кадетите на РК Вардар го играат 1/4 финалниот натпревар против Еурофарм Пелистер
Утре во Битола, кадетите на РК Вардар го играат 1/4 финалниот натпревар против Еурофарм Пелистер

Утре во Битола, кадетите на РК Вардар го играат 1/4 финалниот натпревар против Еурофарм Пелистер

Утре, кадетите на РК Вардар го играат 1/4 финалниот натпревар, а последна пречка до завршниот турнир ќе биде екипата на Еурофарм Пелистер.

Единствениот натпревар кој ќе го даде патникот на Ф4 турнирот во машката кадетска лига, ќе се одигра во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток од 12:00 часот. За судии се делегирани Сашо Јанкулоски и Мартин Јовановски од Прилеп, додека делегат ќе биде Илија Цветковски од Прилеп.

Во регуларниот дел од сезоната, вардарци кои се предводени од Зоран Петковски завршија на второто место во групата А, со освоени 42 бодови, односно на 17 одиграни натпревари имавме скор од 14 победи и 3 порази. Еурофарм Пелистер го освои првото место во групата Б со 34 бодови, одиграа 14 натпревари и забележаа 11 победи, 1 нерешен резултат и 2 порази.

Вака изгледаат 1/4 финалните парови во кадетската лига:

ГРК Охрид – Мулти Есенс

МРК Куманово – Голден Арт КЛ 7

Еурофарм Пелистер - Вардар

Струга – Бисинов Фруит Ленд