Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Директен пренос на МТВ-3 од машкото и женско ракометно финале во Купот, Вардар и во двата дела има своја екипа
Директен пренос на МТВ-3 од машкото и женско ракометно финале во Купот, Вардар и во двата дела има своја екипа

Директен пренос на МТВ-3 од машкото и женско ракометно финале во Купот, Вардар и во двата дела има своја екипа

Денес на програмата се финалните натпревари во ракометниот Куп на Р.Македонија, во машка и женска конкуренција. Вардар ќе има свој претставник и во двата дела, каде ќе се обидеме да стигнеме до трофејот во ова натпреварување.

Најпрво со почеток од 15:00 часот ќе се одигра женското финале, во кое ќе се сретнат екипите на Вардар и Куманово, додека од 18:00 часот е закажано финалето во машка конкуренција меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер.

Двата финални натпревари ќе бидат директно емитувани на МТВ-3.