Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Рк Вардар со победа се враќаат од Струга
Кадетите на Рк Вардар со победа се враќаат од Струга

Кадетите на Рк Вардар со победа се враќаат од Струга

Избраниците на Зоран Петковски продолжуваат со настапи во кадетската лига. На гостувањето во Струга, забележаа  висока победа против екипата на Јуниор Струга. Конечниот резултат беше 23:48. Целосна доминација на нашата екипа во текот на целиот меч. Тренерот им даде шанса за настап на сите играчи кои му беа на располагање. Екипата покажа убоитост и колективен дух, што се и нивна одлика во играта. На полувреме се замина со резултат 12:25.

Ова е осма победа за кадетите во првенството. Во следното коло повторно играат на гостински терен, против екипата на Гого.