Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Многуте грешки во нападот не чинеа пораз – Душебаев: Ова е навистина голема разлика, меѓутоа ќе се подготвиме одлично за да бидеме подобри следната недела,
Гонзалес: Многуте грешки во нападот не чинеа пораз – Душебаев: Ова е навистина голема разлика, меѓутоа ќе се подготвиме одлично за да бидеме подобри следната недела,

Гонзалес: Многуте грешки во нападот не чинеа пораз – Душебаев: Ова е навистина голема разлика, меѓутоа ќе се подготвиме одлично за да бидеме подобри следната недела,

Синоќа се одигра првиот од двата натпревари во 1/8 во Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Висла и Вардар. Иако добро го започнавме натпреварот, во продолжението домаќиниот воспостави резултатска рамнотежа. Пресудно беше второто полувреме каде противникот беше многу подобар противник, и на реваншот во Скопје ќе започне со предност од шест голови.

На пресконференцијата, тренерот Гонзалес ги потенцираше причините за овој пораз.

– Честитки за Маноло, кој очигледно добро ја припремил својата екипа. Ние во првите 15 минути игравме одлично, но потоа имавме проблеми со високата одбрана на Висла. Направивме многу грешки во нападот и тоа нѐ чинеше пораз“, изјави Раул Гонзалез.

Најдобар поединец во нашите редови беше убедливо Алекс Душебаев, кој постигна вкупно десет гола, од кои еден и со звукот на сирената во последните секунди.

-Висла беше  подобра од нас, и тоа го покажува оваа разлика од шест гола. Во првото полувреме не игравме лошо, но во вториот дел, противникот беше многу поквалитетен. Беа одлични во сите елементи и во одбрана и во нападот. Голманите им беа расположени, а беа и ефикасни во контранапад. Ова е навистина голема разлика, меѓутоа ќе се подготвиме одлично за да бидеме подобри следната недела, кога е реваншот во Скопје“, изјави Душебаев.