Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Дин Аломеровиќ: Очекувам во втората полусезона да се покажеме во најдобро светло,со тоа да го освоиме купот и лигата
Дин Аломеровиќ: Очекувам во втората полусезона да се покажеме во најдобро светло,со тоа да го освоиме купот и лигата

Дин Аломеровиќ: Очекувам во втората полусезона да се покажеме во најдобро светло,со тоа да го освоиме купот и лигата

Уште три дена до почетокот на пролетниот дел од сезоната за фудбалските генерации на Вардар кои се натпреваруваат во првенството и националниот куп. Младинците својот прв меч ќе го има во среда, во рамките на полуфиналето од купот, каде за противник ја имаат екипата на Шкупи. Овој викенд требаше да се игра дербито со Пелистер, но истото е одложено поради неповолните прилики за игра на терените.

Во есенскиот дел од сезоната младинците на Вардар имаат забележано седум победи, ниеден нерешен резултат и четири порази. Дин Аломеровиќ е вториот најдобар стрелец во екипата.

-За есенскиот дел можам да кажам дека првенството супер го започнавме вклучувајќи го и куп-натпреварот со Хоризонт Турново.

По воведните три победи, од кои една во купот, следеше лош период каде екипата доживеаа четири последователни порази. Тоа ги чинеше губење на првото место на табелата.

-После неочекуваниот пораз против Работнички,атмосферата во тимот нагло падна. Потоа го пречекавме Металург на домашен терен. Со нанесениот втор пораз по ред иако на натпреварот не искористивме убави шанси, сето тоа ни се врати по нашиот гол кои гостите одлично ги искористија шансите.

Следуваа гостувања против екипите на на Академија Пандев и Ренова, каде Вардарци сеуште неможеа да ја вратат формата од почетокот на првенството.

-Гостувавме во Струмица и во Тетово, каде што тимот не беше целосен, со моето отсуство и отсуството на Петар и уште неколку играчи, ни беа нанесени уште 2 порази , каде што дефинитивно екипата падна во таа лоша состојба од 4 загубени натпревари по ред.Тука Есенскиот шампион Металург ги искористи максимално шансите и се зацврсти на првото место на табелата.

Во подготвителниот период одиграа голем број на пријателски натпревари. Успеаа да направат изненадување совладувајќи го второлигашот Маџари.

-Моментално екипата е максимално подготвена и спремна, бидејќи имавме припремен период каде што највеќе се работеше на снага и уигрување на екипата. Исто така одигравме 7 пријателски натпревари, каде што остваривме добри резултати и ја покажавме нашата спремност и голема желба.

Младинците ќе играат и во 1/2 на националниот куп, каде се сретнуваат со екипата на Шкупи. Првиот натпревар е закажан за среда.

-За првиот полуфинален куп-натпревар сме и психички и физички подготвени, и со мојот тим ќе дадеме се од себе да победиме.

Аломеровиќ и Петковски го сочинуваат еден од најдобрите  тандеми во лигата. Тие се најдобрите стрелци на екипата.

Со Петар Петковски сме меѓу топ 3 најдобри стрелци во лигата. Добро функционираме и сме добро уиграни бидејќи сме поминале доста време заедно и во репрезентација и во претходниот клуб. Но тоа не мора да значи, најголемата поддршка ни се нашите соиграчи, кои ни овозможиле да дојдеме до тоа.

Со своите продори, асистенции и погодоци секогаш е опасност за противничкиот гол.

Иако почнав како лево крило, мојата желба беше да играм во везната линија како Полушпиц. Во репрезентацијата до 18 и до 19 години играм лев бек, и лево во везната линија. Мислам дека во везната линија како полушпиц највеќе ми одговара, и тука можам да го покажам максимумот.

Првото пролетно коло во првенството, ќе се одигра следниот викенд против екипата на Пелистер. Очекувањата до крајот на сезоната се големи.

Очекувам во втората полусезона да се покажеме во најдобро светло, со тоа да го освоиме купот и лигата што нема ни малце да биде лесно затоа што имаме негатива од 7  бодови разлика од лидерот на табелата. И во полуфиналето имаме доста тежок ривал во екипата на Шкупи. Прво коло од лигата ќе биде едно интересно дерби. Ќе ги одмериме силите со Битолскиот Пелистер, каде што се надевам на добар резултат и одиме на победа се разбира, ни изјави Дин Аломеровиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски