Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Убедлив старт на сезоната за кадетите на Будимир, Драчево отпишан уште во првото полувреме
Убедлив старт на сезоната за кадетите на Будимир, Драчево отпишан уште во првото полувреме

Убедлив старт на сезоната за кадетите на Будимир, Драчево отпишан уште во првото полувреме

Кадетите на ракометниот клуб Вардар со убедлива победа ја стартуваа новата натпреварувачка сезона, откако вечерва славеа на гостувањето кај екипата на Драчево со резултат 12:37.

Ако постоеше некаква неизвесност, кој ќе биде тимот кој ќе го освои првите бодови, се беше јасно уште по првите 30 минути, кога момците на Будимир и Станковски имаа убедлива предност од 3:18. Речиси цели 15 минути им беа потребни на домашниот тим да го постигнат првиот гол, период во кој вардарци направија серија од 0:10. Откако Драчево го постигна првиот гол, вардарци вратија со нови четири погодоци во серија, за да зголемат на 1:14. На полувреме, имавме и високи 15 голови разлика во наша корист, што говори за разликата во квалитет кај двете екипи и за супериорноста на нашите кадети.

Стратегот на Вардар Јуниор, Андријана Будимир им даде шанса за настап на сите ракометари кои беа на располагање и најголем дел од нив успеаа да се запишат во листата на стрелци. Во секоја изминатата минута го полневме голот на Драчево, а по 10 минути игра во второто полувреме имавме водство од 6:26, а остатокот од мечот беше рутина за вардаровите кадети, кои на крајот славеа висока победа на овој прв дуел од новата натпреварувачка сезона во кадетската лига.

Најефикасен на мечот беше Дарјан Петков кој постигна шест голови, додека Димчевски реализираше пет пати.

Вардар Јуниор: Пешевски 2, Киселовски 4, Савревски 4, Михајловски, Петков 6, Калајџиески 2, Трајчевски, Атанасовски 1, Стојковски, Павловски 3, Мишевски 3, Чакалиќ 4, Димчевски 5, Ангеловски, Србиновски 3, Грујоски.