Вардар стигна и до третата победа сезонава во Лигата на Шампионите. Во еден интересен натпревар црвено-црните славеа триумф со резултат 30:31. Во првото полувреме, домашниот тим имаше и четири голови предност, но Вардар никогаш не се предава, така беше и на овој дуел, на кој на крајот сепак излеговме како победници. На прес-конференцијата после завршување на мечот, пред медиумите се обрати Писонеро кој го изјави следново:
„Честитки за Мотор за овој натпревар, одиграа доста добро. Среќен сум што дојдовме до нов триумф во ЛШ. Примивме многу голови, во првиот дел посебно, каде грешевме многу. Во вториот дел бевме подобри во одбраната, посебно кога бевме поставени 5-1. Како и да е, ова ме радува и се надевам ќе продолжиме да победуваме и понатаму“
Дибиров изјави дека во ЛШ, се е можно, нема изразити фаворити и дека секој може да изненади.
„Комплименти за тимот на Мотор, затоа што покажаа голема борба и на овој натпревар. Ние игравме храбро, се боревме до самиот финиш, но ова е групна фаза на Лигата на шампионите и никогаш не можеш да знаеш што ќе се случи. На крајот, ние победивме. Мотор е одличен тим, ако игра вака и понатаму, сигурен сум дека ќе имаат одлични резултати“