Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ракометот е спорт во кој на крајот секогаш победува Вардар, Мотор совладан во финишот
Ракометот е спорт во кој на крајот секогаш победува Вардар, Мотор совладан во финишот

Ракометот е спорт во кој на крајот секогаш победува Вардар, Мотор совладан во финишот

Вардар гостуваше кај Мотор Запорожје во дуел од 4.коло во ЛШ. Момците на Писонеро успеаа да победат во самиот финиш во еден драматичен дуел со резултат 30-31.

Вардар по првото полувреме имаше негатива од два гола, а со оглед дека имавме само две голмански интервенции во првиот дел можеме да бидеме и задоволни од резултатот по првите 30 минути. Во најголем дел од првото полувреме, Вардар „бркаше“ негатива, освен на стартот од мечот кога имавме водство од 1:2, откако погодија Скубе и Калараш и во 5 минута од мечот кога резултатот беше 3:4 во наша корист. Од тие моменти следеше серија на украинскиот шампион од 5:0, кои во 10 минута стигнаа до највисоки четири голови предност (10:6). Ова беше лош период во нашата игра, кога му дозволивме на Мотор Запорожје лесни голови, а нашите голмани не успеваа да обранат ниту еден удар. Успевавме полека да се вратиме во мечот, кога од контра-напад, после одлична асистенција на Дибиров, да погоди Шишкарев за 10:8, додека првата голманска одбрана ја имавме дури во 19 минута кога Гедбан го замени Кугис и запиша интервенција, благодарение на која во следниот напад предку Дибиров стигнавме до само еден гол негатива (12:11) во 20 минута од натпреварот. Повторно не успеавме да ја вратиме нашата игра, со оглед дека домашниот тим со мини серија од два погодоци зголеми на 14:11. Дибиров е играчот кој беше најефикасен во нашиот состав, па со два последователни голови, вкупно шест за него во тој момент го смали резултатот на 14:13. Благодарение на две одбрани на Киреев, тимот на Мотор повторно се одлепи на плус три гола (16:13), додека по првото полувреме имаа водство од 18:16.

Одлично го стартувавме второто полувреме, во кое со головите на Чупиќ и два на Калараш го свртевме резултатот во своја корист и поведовме со 18:19. Следеше период на игра гол за гол на двете страни, а црвено-црните повторно со погодок на Чупиќ имаше минимално водство од 21:22. Киреев влезе го серија на одбрани, благодарение на кои домашниот тим успеа да поведе со 23:22 во 44 минута од дуелот, додека две минути исклучување доби Атаман во нашите редови. Во следниот напад, Кристопанс израмнува на 23:23, додека Мотор Запорожје остана со четири играчи на теренот, но тоа не им беше проблем да постигнат гол и повторно да водат. Во последните десет минути од мечот влеговме со нерешен резултат 26:26, откако погоди Кристопанс. Голема битка се водеше, двата тима посакуваа да дојдат до „цел плен“ на овој дуел. Се играше гол за гол во последните пет минути влеговме со резултатска симетрија 29-29, откако Дибиров изедначи од негова позиција, ние бевме во позиција да бркаме изедначувања.  Конечно при 30-30,  Гедбан брани напад за водство на Мотор, тоа во напад го награди Кристопанс за 30-31 на 90.секунди до крајот. Ривалите промашија, нашата клупа побара тајм-аут на 24.секунди до крајот на мечот. Непогодивме ама победивме со 30-31.

Кај нас Дибиров погоди  десет гола, Кристопанс стрелаше седум пати, додека Калараш и Чупиќ реализираа по четири пати.