ФК Вардар дојде до нова победа во Првата македонска фудбалска лига откако во дерби-дуелот славеше над Академија Пандев 1-0. Нашиот тим се зацврсти на врвот на табелата по овој важен триумф.
Лошо почна за нас мечот поради повреда на Матеј Цветаноски. Сепак нашите момци знаеа што сакаа, ја чекаа и искористија својата прилика. Имаше две шанси, по една на обете страни, првата на Адем, втората за ривалот преку Сашко Пандев. Голот вреден 3.бода беше постигнат во 38. минута од мечот преку пенал. Пред голот на ривалот, Жуниор скокна и беше срушен од Јованов. Топката за ударот од белата точка ја зема Даниел Аврамовски, кој биеше во средината. Ние преку удар од белата точка погодивме и поведовме со 1:0
Васоски одличи во вториот дел да ја затвори играта и ја имаше контролата во своите нозе. Тимот на Академија Пандев се мачеше да нападне, сериозно. Струмичани имаа обид преку Дориев во 50 минута, но во последен момент го изблокиравме неговиот удар и ја отстранивме опасноста. Успеавме да погодиме повторно во голот на ривалот, но истиот беше поништен поради офсајд. Вардар игра во неверојатна форма, ги добиваме сите сериозни дуели со интелигентна игра. Повторно успеваме да добиеме дуел без примен гол во нашата мрежа. Ова е шестта победа во низа за црвено-црните, во следното гостуваме кај Шкендија.
На табелата ние сме први со 19.бода, втора е екипата на А.Пандев со 15, позицијата број.3 е резервирана за екипата на Македонија ЃП која досега собра 14.бода.