ФК Вардар генер.2008 на Петар Ѓорѓиевски денес одигра два дуели во детската лига. Вардарци лесно и со убедливи победи издвојуваа триумфи над своите ривали на овие средби.
ФК Вардар (1) лесно се справи со тимот на ФК Работнички, црено-црните момци со високи 8-1 го совладаа тимот од Градски парк.
Тргнавме фуриозно, по само пет воведни минути ние водевме со високи 3-0, покажувајќи му на ривалот дека нема што да бара на овој дуел. За нас стрелаа: Ненад Дамјаноски Трпевски Лука и Арти Азизи. Потоа голема шанса имаше Арти Азизи која не беше претворена во гол, но затоа Киш беше непогрешлив. Со неговиот гол поведовме со високи 4-0. Одлично мина во казнениот простор Илија Митаноски, противникот мораше и можеше да го сопре само со пенал. Истиот во гол за 5-0 го претвори Азизи. На одмор заминавме со високи шест плус, одигравме одлична акција, Трпевски додаде до Митаноски кој мајсторски го најде Ненад Дамјаноски, последниот стрелаше за 6-0, резултат со кој заминавме на одмор.
Во вториот дел падна ритамот, ние дуелот го добивме по првиот дел, кога погодивме шест пати. Ривалот се закани со удар на почетокот. Сепак на нашиот гол одлична реакција имаше Лука Грчевски. Прв гол во вториот дел постигна Петар Блажевски, тој го мина противничкиот голман и стрелаше за високи 7-0. Pивалот намали на 7-1 потоа. Точка на натпреварот стави Илија Митаноски, тој си ја награди одличната игра денес со гол. Брзоногото момче погоди за 8-1, резултат со кој се оконча оваа средба.
ФК Вардар ген.2008 (2) ја совлада екипата на Шкупи со високи 4-1 (2-1). На почетокот изненадувачки ривалот тргна во офанзива, тие направија серија шанси. Три прилики успеа да им сопре денес одличниот вардардов голман, Дарко Јовчев. Ривалот успеа дури од четвртата прилика да погоди и да поведе со 0-1. Ние како да се освестивме по овој погодок, тргнавме во тотална офанзива. Набрзина успеаве да направиме пресврт, за 1-1 погоди Коста Бошковски. Веќе во следната акција направивме целосен пресврт, Стефан Бранковски стрелаше за 2-1. Стрелците на двата гола имаа уште по два обида за нови погодоци кои неги претворивме во гол, најатрактивен беше обидот на Бранковски со „ножички„. Последна прилика за нас имаше Марко Шоторовски чии удар мина крај голот, ние со минимално водсто од еден гол заминавме на одмор.
Вториот дел започна со обиди на Бошковски и Бранковски, чии удари не донесоа зголемување на водството. Шкупи имаше прилика за изедначување, Јовчев на нашиот гол успеа да впише нова интервенција. Шотаровски прими една топка, одлично изреагира и зголеми на 3-1. До крајот ние имавме повеќе од играта, две прилики за погодок имаше Стефан Бранковски. Во првата голманот на ривалот беше поуспешен во втората ги постави конечните 4-1 на оваа средба. По примениот гол за 0-1 во 6-7.минута нашите момци покажаа дека се подобар противник и се до крајот на овој удел беа тим кој имаше посед и доминираше на теренот.