Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за момците на Колев, ФК Вардар ген.2010 одлична во Детската лига
Две победи за момците на Колев, ФК Вардар ген.2010  одлична  во Детската лига

Две победи за момците на Колев, ФК Вардар ген.2010 одлична во Детската лига

ФК Вардар генер.2010 на Колев Влатко денес одигра два меча во детската лига. Момците успеаа да забележат две сигурни победи на овие два дуели на терените на ФФМ.

ФК Вардар (1) генерација 2010 се сретна со тимот на ФК Смилковци, во дуел во кој ние имавме повеќе од играта и дојдовме до триумф. Победата дојде со високи 12-1 (3-1), во меч со ефикасен втор дел.

Започнавме офанзивно, рано отворивме со гол Седлоски Благојче погоди за 1-0 со десна, неговата послаба нога, но одлично стрелаше. Три прилики имавме потоа, Чедевски Матеј, Ристиќ Стефан и Васоски Петар се обидоа да погодат. Седлоски со својот втор гол зголеми на 2-0, ривалот успеа потоа да намали на 2-1. Голема шанса имаше противникот пред нашиот гол, со глава Марко Јовановски расчисти одлично. Марковиќ Далибор се обиде да ја врати предност од два гола, сепак не успеа. Пред крајот на првиот период Седлоски кој денес играше одлично со својот трет гол зголеми на 3-1, резултат со кој се замина на одмор.

Вторит дел го почнавме фуриозно со погодокот на Илиќ Дарио, и двата одлични гола на Ристиќ Стефан зголемиве на 6-1. Бевме далеку подобар тим, прилики имаа Илиќ, Ристиќ и Марковиќ. Набрзина постигнавме пет нови гола, стрелци беа Седлоски два пати, Марковиќ Далибор два пати и еднаш Ристиќ. Со нивните погодоци поведовме со двоцифрена предност, односно со 11-1. Доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра, поседот беше целосно кај нас. Ристиќ ги постави конечните 12-1 во последната прилика пред истекот на времето.

ФК Вардар(2) ја совлада екипата на ФК Сарај со високи 6-2 (1-1) со одлична игра пред се во вториот период од овој натпревар.

Ние тргнавме офанзивно па по само две минути, Лозанов Давид успеа да го отвори резултатот. Тој погоди за водство од 1-0. Васоски Петар имаа две прилики да го удвои водството потоа, кои не беа реализирани. Ривалот шутна силно одлична парада на нашиот гол имаше Ристиќ Стефан, сепак на одбиена топка тие реализираа за 1-1. До крајот се обидовме да ја вратиме предноста, Васоски шутна уште еднаш. Гечев Драган мина крај десниот раб и упати силен удар кој голманот на Карев го сопре.

2 3 4

На сцена во вториот дел стапи Илиќ Дарио кој целосно ја уништи одбраната на ривалот. Првин со соло-продор ја исфрли целата одбрана и стрелаше за 2-1. Во следната акција шутна силно и ја удвои предноста погодувајќи за 3-1. Васоски “проработе“ тој  погоди за 4-1, потоа доби одлична асистенција од Огнен Сивевски кој маестално исфрли неколку играчи, Петар непогрешливо стрелаше за високи 5-1. Противникот по една наша грешка намали на 5-2. До крајот имаше два моменти за одбележување, голот на Васоски кој по трет пат беше прецизен. Со неговиот удар поведовме со 6-2, за да бидат конечни се погрижи Ристиќ кој одбрани пенал.