Пионерите на РК Вардар имаат 100% ефект во лигата, тие денес дојдоа до втора победа во пионерската лига. Ние во 2.коло гостувавме кај тимот на РК Аеродром, момците на Зоран Петковски-Зенга триумфираа со резултат 14-18 (8-10) на оваа средба.
Црвено-црните момци отворија со одлична игра во одбраната, тоа беше наградено во напад за почетни 0-4. Веќе на стартот се насетуваше нашата доминација на оваа пионерска средба. Домаќинот успеа пред самиот финиш да се доближи на само еден гол негатива, погодувајќи за 8-9. Ние во последниот напад одигравме одлично постигнавме гол па на пауза заминавме со предност од два гола. За време на паузата на семафорот во салата “Автокоманда“ стоеше резултатот 8-10 за момците на Зенга.
Повторно имавме добар влез во полувремето, по само два напада со два погодока ги вративме четирите гола предност. Ние поведовме со резултат 8-12, на самиот почеток на вторите 20.минути. Одигравме умешно и квалитетно, влеговме во игра гол за гол со која ја чувавме предноста од четири гола. Токму со толкава разлика и дојдовме до втора победа во вториот меч во пионерската лига. Триумфот дојде со резултат 14-18.
Кај нас Александар Стојменов постигна 4 гола, по три гола имаа тројца момци, станува збор за: Андреј Петрушевски, Иле Табаков и Тадеј Аритонов.