Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лавиците како „казнена експедиција“, КЛ-7 ја почувствува силата на пионерскиот тим на Вардар
Лавиците како „казнена експедиција“, КЛ-7 ја почувствува силата на пионерскиот тим на Вардар

Лавиците како „казнена експедиција“, КЛ-7 ја почувствува силата на пионерскиот тим на Вардар

Пионерките на ЖРК Вардар се како „казнена експедиција“ денес на домашен дуел високо ја совладаа екипата на КЛ-7. Девојките на Платон и Папуџиева одиграа еден динамичен дуел во СЦ „Јане Сандански“ каде  триумфиравме со резултат 37-7.

5-2

Првите три минути не видовме гол, во напад имавме две технички грешки, ама затоа на нашиот гол одлично со две одбрани отвори Веронија Ѓорѓиевска. Успеавме да влеземе во ритам, за кратко отидовме на 5-0. Најпрвин погодија крилата: Радевска и Ангеловска од контра за 2-0, потоа Сара Стефановски имаше два врзани погодока. На крајот со „лукава“ асистенција на Борјана Коцева беше проигран капитенот Коловска Александра која одлично стрела, заедно со една нова одбрана на Вероника отидовме на високи 5-0. Нашиот голман прв пат беше совладан дури во 7.минута кога ривалот намали на 5-1. Девојките играа онака како што сака тренерскиот двоец Платон-Папуџиева, со висок ритам и тимски во одбраната и нападот. Отидовме и на двоцифрена предност, во 12.минута кога поведовме со 11-1 со маесталниот гол на Борјана Коцева. Следеше доста ротација од клупата, целиот прв тим беше заменет, сепак тимот го задржа ритамот и сите одигаа како едно. Точно во 15.минута водевме со 13-1, во напад погоди Зорица Андонова, на нашиот гол прекрасна двојна одбрана од кој еден удар беше пенал прикажа Ѓорѓиевска. Следеше „сушен период“ за нас во 19.минута погодивме за 15-2. На одмор заминавме со 16-2, откако на 6.секунди до крајот одлично погоди под гредата со еден „проектил“ Наталија Максимовска.

1-2 4
Вториот дел го отворивме со две одбрани на нововлезената Леа Христова, двапати погоди Kрагељ Мила, по еднаш погодија Радевска Бојана и Коловска Александра по што поведовме со 20-3. веднаш клупата на ривалот побара тајм-аут, тоа беше во 6.минута од вториот дел. Тоа многу не помогна во брзи контри казни со два врзани гола казни Ива Ангеловска. На средината од вториот дел со голот на Борјана Коцева поведовме со 28-5, ние доминиравме во сите аспекти на ракометна игра на овој дуел.

2-2

До крајот остана  малку време, ние одамна го решивме прашањето на победникот, победивме со 20 гола повеќе. Последниот гол за 37-7 на 30сетина секунди го постигна Зорица Андовска.

На овој дуел: Вероника Ѓорѓиевска имаше 9 одбрани (1 пенал), Леа Христова стигна до бројкатата 5 интервенции. По четири гола имаа: Ива Ангеловска, Борјана Коцева, Сара Стефановска и Мила Крагељ, по три пати стрелаа: Наталија Максимовска Зорица Андовска, Александра Коловска,  и Тошевска Магдалена.