Кадетите на Рк Вардар ја забележаа третата победа во лигата, совладувајќи ја високо екипата на Тиквеш со резултат 40:10. Ова беше натпревар на две екипи со голема разлика во квалитетот и нивото на игра.
Гостите од Кавадарци го отворија резултат, но следуваше серија на црвено-црните од 7:0. На вториот погодок гостинот чекаше цели десет минути. Следува нова наша серија за прв пат да имаме двоцифрена предност од 12:2. До крајот на првото полувреме, Тиквеш успеаа да постигне само уште два голови. Наспротив нас, кој само го зголемувавме водството, за на одмор да замиеме со високи 21:4. Уште во овој дел од мечот беше познато, кој ќе ги однесе бодовите од овој дуел.
Вториот дел беше само чиста рутина за нашите кадети, кои продолжија да го “газат“ противникот. На почетокот правиме серија од 6:0 за високи 27:4. Гостинскиот тим својот петти гол го постигнува во 37 минута. Како одминуваа минутите, предноста се повеќе растеше. Тиквеш немаше сили за нешто повеќе, па се обидуваше со помала негатива да го заврши мечот. На крајот се покажа дека доживеаа вистинска катастрофа. Конечниот резултат гласеше 40:10.
Најдобриот поединец за црвено-црните Мартин Карапалевски повторно одигра одличен натпревар, постигнувајќу дури 10 голови. Благоја Антевски беше стрелец на 6 и Тони Атанасовски на 5 погодоци.
Рк Вардар: Брунчевиќ, Кизиќ, Каранфиловски, Николовски 1, Атанасовски 5, Тевдовски, Карапалевски 10, Антевски 6, Нанов 2, Биковски 3, Ќосевски 4, Благопетров 4, Ангелковски 2, Мајсторовски 1, Динев и Гроздановски.