Во последното коло од првиот дел на сезоната во машката кадетска лига, екипата на Рк Вардар јуниор беше поуспешен од тимот на Неготино. Конечниот резултат гласеше 32:14.
Избраниците на Слободан Чивлачки го контролираа целиот натпревар и во ниту еден момент не дозволија противникот да поведе. Црвено-црните имаа фуриозен старт откако поведоа со 5:0. Гостите од Неготино се ослободија од почетниот притисок, заиграа подобро и намалија на 6:4. На ваквата игра на противникот, следуваше одговор на нашиот состав, кој направи нова серија за највисока предност во тие моменти од 10:4. До крајот на првиот дел само го зголемувавме водството за на одмор да заминеме со резултат 13:6.
Второто полувреме започна одлично за кадетите на Вардар, кои во 38 минута за прв пат на мечот имаа двоцифрена предност од 18:8. Следуваа уште два наши погодоци за зголемување на предноста. Разликата во квалитет беше голема на двете страни, младите Вардарци одиграа одличен меч со добра одбрана и разновидно во нападот. Неготино немаше одговор за нашата добра игра. Како одминуваше дуелот, водството се повеќе растеше. Во последните десет минути влеговме со резултат 25:10. До крајот гостинскиот тим постигна само четири гола, за разлика од нашите кадети кои го полнеа нивниот гол. Конечниот резултат галсеше 32:14. Првиот дел од сезоната кадетите ја завршија со четири победи, два порази и еден нерешен резултат.
Мартин Карапалевски продолжува со своите одлични игри, постигнувајќи 8 голови. Благоја Антевски додаде 6.
Вардар Јуниор: Брунчевиќ, Кизиќ, Каранфиловски 1, Николовски, Атанасовски 2, Тевдовски 2, Карапалевски 8, Антевски 6, Нанов 5, Биковски, Ќосевски 2, Благопетров 1, Ангелковски , Мајсторовски, Динев 3 и Гроздановски 1.